Росток: Во вчерашните протести против Г-8, повеќемина полицајци повредени

Вчерашните протести во германскиот град Росток изминаа со судири меѓу полицијата и група демонстранти, во кои околу 300 полицајци биле повредени, меѓу кои 27 сериозно. Протестите се одржуваа против претстојниот самит на Групата Осум – индустриски најразвиени земји, што од шести од осми јуни треба да се одржи во соседниот град Хејлигендам.