Сингапур: Роберт Гејтс ги повика азијските земји за засилени мерки против терористичките закани

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ги повика азијските земји да превземата засилени мерки против глобалните терористички закани и да не дозволат враќање на хаосот во Авганистан. Гејтс, во Сингапур, учествува на годишната конференција за меѓународна безбедност. На конференцијата, кинескиот воен претставник изјави дека Соединетите Држави немаат причина за загриженост од растечкиот кинески воен буџет.