Мадрид: Разговори меѓу Солана и Лариџани

Шефот за надворешна политика на Европската Унија Хавиер Солана денеска во Мадрид се состанува со иранскиот преговарач Али Лариџани на разговори за нуклеарната програма на Техеран. Иран денеска повтори дека нема да се откаже од нуклеарната програма за мирољубиви цели. Министрите за надворешни работи на Групата 8 индустриски најразвиени земји, вчера во Потсдам, изразија длабоко жалење од ставот на Иран да продолжи со збогогатувањето ураниум и најавија можни нови санкции.