Багдад: Дописник на РСЕ од Ирак, убиен во ирачкиот град Ал Амара

Назар Абдулвахид Ал Рахди, дописник на Радио Слободна Европа, е убиен во јужниот ирачки град Ал Амара од непознати напаѓачи кои пукале во него од камион во движење. Претседателот на Радио Слободна Европа, Џеф Гедмин го осуди убиството на Ал Рахди. Во април во Багдад беше убиена и Камал Мусин Калаф, дописничка на Радио Слободна Европа од тој град.