Потсдам: Заврши средбата на шефовите на дипломатиите на Г-8

Министрите за надворешни работи од Групата осум економски најразвиени земји синоќа во Потсдам ја завршија средбата на која не дојде до приближување на ставовите за решавање на косовското прашање. Во завршната декларација се наведува дека поради различните сфаќања за суштината на предлогот и понатамошната постапка, дискусиите ќе продолжат. Средбата на министрите за надворешни работи претставува подготовка за претстојниот самит на врвот на Г-8 кој ќе се одржи од 6 до 8 јуни.