Софија: Миле Јанакиевски на европската конференција на министрите за транспорт

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска и утре во Софија ќе учествува на 91. Европска конференција на министрите за транспорт насловена „Олеснување на сообраќајниот застој“. На собирот ќе учествуваат министрите за транспорт од земјите-членки на Европската унија, државите-кандидати за членство во Унијата и од Швајцарија, Босна и Херцеговина, Јапонија, Мексико, САД и Украина.