Пекинг: Смртна казна поради корупција за екс шефот на агенцијата за храна и лекови

Поранешниот шеф на кинеската државна агенција за храна и лекови Зенг Ксиају е осуден на смртна казна поради корупција, јавува новинска агенција Ксинхуа. Се прецизира дека тој за време на извршувањето на таа должност примал мито. Претходно, Ксијау кој има право на жалба на пресудата, беше исклучен од владејачката Комунистичка партија.