Москва: Конгрес на меѓународната федерација на новинари

Меѓународната федерација на новинари денеска го започнува својот Конгрес во Москва. Ова е најголем собир на новинари од светот и се одржува на секои три години, а дискусиите се фокусирани врз градењето доверба во новинарството и врз заштитата на новинарите.