Скопје: Без изјави по средбата Груевски – Тачи околу владината криза

Премиерот Никола Грувески и потпретседателот на ДПА Мендух Тачи вчера одржаа средба во обид да ја надминат владината криза. По средбата двајцата не сакаа да дадат никаков коментар. Потоа врвот на ВМРО ДПМНЕ замина во штипското село Карбинци каде што синоќа се одржуваше централен комитет на партијата на кој како што изјави Груевски пред почетокот ќе се разговара за актуелснита политичка состојба и внатре партиските паршања. Кризата мегу владините партнери се појави отако Тачи преку медиумите порача дека ке излезе од владата поради како што наведе ниското ниво на комуникација и ветувањата што Груевски му ги дал на Ахмети, а за кои всушност треба да се договори со ДПА.