Кандахар: Двајца авганистански полицајци загинале во судирите со бунтовниците

Авганистанската полиција соопшти дека во синоќешните судири со талибанските бунтовници кои ја нападнале полициската станица во провинцијата Кандахар, загинале двајца авганистански полицијаци, а десетина се повредени. Инаку, НАТО и американските сили денеска соопштија дека уапсиле двајца талибански бунтовници и припадници на Ал Каеда на југот од Авганистан.