Фалуџа: 25 загинати при експлозија на автомобил бомба

При експлозија на автомобил бомба за време на погребна церемонија во ирачкиот град Фалуџа, 25 лица загинале, а 30-тина се повредени. Градот Фалуџа се наоѓа во ирачката провинција Анбар, упориште на сунитските бунтовници и милитантите на Ал Каеда.