Триполи: Продолжуваат борбите меѓу либанската армија и исламските милитанти

Во северен Либан и денеска продолжија борбите меѓу либанските сили и исламистичките милитанти, кои започнаа пред 3 дена и досега загинаа над 60 луѓе. Агенциите јавуваат дека во борбите се користи и тешка артилерија и оти Либан побарал помош од странство за справување со милитантите. Во Бејрут, во близина на рускиот културен центар, била подметната експлозија, при што 6 лица загинале.