Газа: Четворица палестинци загинаа при израелски воздушни напади

Најмалку четворица палестинци загинале во израелските воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа. Израелската армија потврди дека во нападот било бомбардирано возило на Хамас, во кое имало муниција. Израелската авијација во вторникот започна воздушна акција во Појасот Газа како одговор на палестинските ракетирања врз израелска територија. Во меѓувреме во Појасот Газа трае,,кревкото,, примирје меѓу палестинските ривалски фракции Фатах и Хамас постигнато вчера.