Триполи: Судири меѓу либанската војска и исламските екстремисти

Најмалку 11 лица, меѓу кои седум либански војници загинале во жестоките борби со исламските екстремисти поврзани со Ал Каеда на северот од земјата, соопштија официјални претставници на Либан. Судирите се случиле во либанскиот град Триполи, во близина на еден палестински бегалски камп, упориште на исламската група Фатах ал Ислам.