Москва: „Другата Русија“ нема да ги откаже забранетите протести во Чајлабинск

Другата Русија, коалиција на опозициони групи, соопшти дека нема да ја почитува забраната за денешните планирани демонстрации во уралскиот град Челјабинск. Околу триста луѓе вчера протестираа против претседателот Владимир Путин во Самара каде што се одржуваше самитот меѓу Русија и Европската Унија.