Букурешт: Референдум за отповикување на претседателот Басеску

Во Романија се одржува референдум за отповикување на претседателот Трајан Басеску кој од парламентот е обвинет за злоупотреба на функцијата. Се очекува Басеску да го мине референдумот бидејќи, според последните анкети, дури седумдесет насто од граѓаните не се за негово заминување.