Москва: Нема криза во односите Русија - ЕУ

Рускиот главен советник за односите со Европската Унија Сергеј Јастржембски изјави дека извештаите за криза во односите меѓу Москва и Брисел се претерани. Тој потврди дека има одредени проблеми, но оцени дека тие не можат да се третираат како криза во односите. Самитот Русија – Европска Унија треба да се одржи в петок.