Белград: Посета на комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен

Комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен, денеска во Белград изјави дека преговорите со Србија за договорот за стабилизација и придружување во Унијата би можеле да бидат обновени многу бргу, доколку Србија покаже прогрес во апсењето на обвинетите за воени злосторства. Рен додаде и дека дошол во Белград за да ја охрабри новата српска влада да продолжи со напорите за европска интеграција. Новиот министер за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ по средбата со Рен изјави дека највисок приоритет на владата е интегрирањето во Европа.