Карачи: Уште едно лице загина во немирите во Карачи

Најмалку едно лице загинало денеска во судирите меѓу пакистанската полиција и приврзаниците на опозицијата во пакистанскиот град Карачи. Вчера во немирите меѓу приврзаниците на претседателот Первез Мушараф и опозиционите активисти, загинаа 34 лица, а повеќе од 100-тина беа повредени. До насилствата дојде откако претседателот Мушараф го суспендираше главниот судија Ифтихар Хаудри.