Измир: Протести во знак на подршка на секуларниот карактер на Турција

Илјадници подржувачи на секуларниот карактер на Турција денеска протестираат во турскиот град Измир против происламски ориентираната влада, која се стравува дека може да го зголеми влијанието на религијата во општеството. Слични демонстрации минатиот месец беа одржани и во Истанбул и Анкара. Агенциите јавуваат дека во Измир се испратени дополнителни полициски сили, по вчерашната експлозија на пазар во градот, при што загина едно лице, а 14 беа повредени.