Хелсинки: Србија победи на годинешниот избор за песна на Евровизија

Претставничката на Србија Марија Шерифовиќ победи на изборот за песна на Евровизија што синоќа се одржа во Хелсинки, Финска. Меѓу 23-те финалисти песната ,,Молитва,, во изведба на 22 годишната Шерифовиќ освои 268 гласови, на второ место се пласираше Украина, а третото место го освои Русија.