Белград: Србија од денеска претседава со Советот на Европа

Србија денеска го презема претседавањето со Советот на Европа. Станува збор за шест месечно претседавање со Министерскиот совет, тело кое носи одлуки во оваа организација која се грижи за промоцијата на демократијата и човековите права во Европа. Исто така денеска во Стразбур Црна Гора стана нова четириесет и седма членка на Советот на Европа.