Вашингтон: Џорџ Буш ќе стави вето на законот за финансирање на војната во Ирак

Белата Куќа соопшти дека претседателот Џорџ Буш ќе стави вето на предложениот закон од демократите во Претставничкиот дом, за финансирање на воениот ангажман во Ирак само уште три месеци. Буш веќе стави вето и на законот со кој беше ставен рок од една година за повлекување на американските сили од Ирак.