Техеран: Јавно обесени четири мажи поради криумчарење на дрога

Во Иран јавно се обесени 4 мажи обвинети за криумчарење на дрога. Само оваа година 57 лица се јавно обесени во Исламската република. Оваа смртна казна се добива за разни видови убиства, силувања, богохулење, проституција нелегална трговија и друго.