Сараево: Оли Рен загрижен за состојбата во БИХ

Евро комесарот за проширување Оли Рен изрази загриженост за состојбата во Босна и Херцеговина, невадувајки дека не се исполнети условите за потпишување на договорот за асоцијација со Унијата. Рен е посебно загрижен поради реформата на полицијата и враќањето на националистичката реторика. Тој изјави дека членките на ЕУ го усогласиле текстот на договорот но дека тој ке биде потпишан кога Босна ќе ги исполни предусловите.