Варшава: Посета на македонскиот претседател Бранко Црвенковски

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски од денеска ќе престојува во дводневна посета на Полска што доаѓа по покана од полскиот претседател Лех Качински. Предвидено е во Варашава, меѓу другото, да биде потпишана и спогодба за уредување на соработката меѓу двете земји.