Багдад: Најмалку 40 загинати во повеќе напади во Ирак

Околу 40 лица загинале во денешните напади во Ирак. При експлозија на два автомобили бомби во Багдад загинале 30 лица, а повеќемина се повредени. Во Самара северно од Багдад, бунтовниците нападнале полициска станица при што убиле шест полицајци. Инциденти имало и во Бакуба каде во престрелка меѓу едно вооружено лице и ирачките сили загинале двајца цивили, а во воздушна акција на американските трупи во Багдад загинало едно лице. Американските сили соопштија дека тројца американски војници загинале при напади на бунтовниците изминатите два дена.