Шарм ел Шеик: Заврши меѓународната конференција за Ирак

Меѓународната конференција за стабилизација на Ирак заврши без директна средба меѓу американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки. Американско – иранска средба во Шарм ел Шеик сепак имало на пониско ниво. Мотаки пак ја напуштил порано вечерата на која била Рајс и други делегати затоа што украинската виолинистка не била облечена според исламски стандарди.