Шарм Ел Шеик: Втор ден од конференцијата за Ирак

Во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик, на денешниот втор ден од меѓународната конференција за Ирак, се расправа за начините за запирање на насилствата во таа земја. Присуствуваат претставници на 50-тина земји, меѓу кои и на Иран и Сирија, кои Соединетите Држави ги обвинуваат за поттикнување на инцидентите во Ирак. Вчера, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс имаше средба со сирискиот шеф на дипломатијата Валид Ал Муалим.