Лондон: Состанок на Контакт групата за Косово

Денеска во Лондон ќе биде одржан состанок на Контакт- групата на кој ќе се разговара за процесот на решавањето на идниот статус на Косово. Ноќеска пак во Обединетите Нации американскиот амбасадор Зелмај Кализад ургираше Советот за Безбедност брзо да го реши прашањето на косовскиот Статус. По консултациите по посетата на делагацијата на Советот на Косово рускиот амбасадор Виталиј Чуркин пак предупреди Советот да не носи одлука, туку напротив изјави дека се потребни уште преговоди меѓу Србија и Косовските албанци.