Вашингтон: Претставничкиот дом на Конгресот не успеа да го отфрли ветото на Буш за Ирак

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес не успеа да го отфрли ветото на претседателот Џорџ Буш на законот за финансирање на војната во Ирак и за повлекување на американските сили. Во тек се преговори меѓу Белата куќа и Конгресот, како и меѓу Републиканците и Демократите, за постигнување договор за нов закон за обезбедување дополнителни средства за војните во Ирак и во Авганистан за оваа година.