Шарм ел Шеик: Состанок на меѓународниот компакт за Ирак

Денеска во египетското одморалиште Шарм ел Шеик ќе биде одржан состанок на Меѓународниот компакт за Ирак, кој претставува иницијатива на ирачката влада за ново партнерство со меѓународната заедница во наредните пет години. Ќе присуствува и македонска делегација предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а обраќање ќе има и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун. Но агенциите јавуваат дека состанокот би можело да мине во сенка на можната средба меѓу шефовите на дипломатиите на САД и на Иран Кондолиза Рајс и Манучер Мотаки.