Анкара: Доставен предлог до парламентот за предвремени избори

Турската владејачка Партија на правдата и развојот денеска официјално достави предлог до парламентот за предвремени општи избори кои би се одржале на дваесет и четврти идниот месец. Премиер Таип Ердоган ги побара изборите како излез од недоразбирањата со секуларната опозиција која се противи на кандидатурата на актуелниот шеф на дипломатијата Абдула Ѓул за претседател. Ердоган најави широки изборни реформи, вклучувајќи и директен избор на шеф на државата. Вчера Уставниот суд донесе одлука за поништување на првиот изборен круг што во минатата недела се одржа во парламетот.