Лондон: Разгледување на извештајот за иранската нуклеарна програма

Високи претставници на Соединетите Држави, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, како и на Европската Унија на денешниот состанок во Лондон ќе го разгледаат извештајот од неодамнешните разговори во Анкара меѓу главниот ирански преговарач за нуклеарната програма на неговата земја Али Лариџани и еврокомесарот Хавиер Солана. На овие разговори, како што изјави Лариџани, бил постигнат напредок во изнаоѓањето заедничко решение.