Вашингтон: Американски и индиски претставници постигнаа прогрес за нуклеарното вооружување

Американски и индиски претставници постигнале, како што оценија, голем прогрес во решавањето на разликите околу договорот за нуклеарното вооружување. Претставник на индиското министерство за надворешни работи во Вашингтон изјави дека биле расчистени сомневањата на американската администрација околу спроведувањето на договорот со кој на Индија и се овозможува пристап во американската цивилна нуклеарна технологија.