Багдад: Најмалку 16 цивили убиени во серија напади

Најмалку 16 цивили, меѓу кои жени и деца, биле убиени во серија напади на автопатот јужно од Багдад. Како што соопшти ирачката полиција, било стрелано врз минибус и врз цивилни автомобили. Во меѓувреме, ирачкото министерство за внатрешни работи соопшти дека во меѓусебна престрелка на милитанти, северно од Багдад, бил убиен еден од лидерите на Ал Каеда во Ирак, Абу Ајуб Ал Масри.