Приштина: Делегација на Советот за безбедност на ОН во дводневна посета

Делегација на Советот за безбедност на ОН, синоќа допатува во Приштина. Во текот на дводневната посета, делегацијата составена од претставници на 15 земји членки на Советот за безбедност на ОН, ќе оствари средба со домашни и меѓународни политички претставници, претставници на малцинствата, како и на трите верски заедници на Косово. Како што јавуваат агенциите, цел на посетата е да се информираат за состојбата и спроведувањето на резолуцијата 1244 и стандардот во покраината.