Скопје: Посета на Комисијата за цивилни димензии на безбедноста на парламетарното Собрание на НАТО

Делегација на Комисијата за цивилни димензии на безбедноста на парламетарното Собрание на НАТО денеска ќе го посети македонското Собрание. Освен со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, делегацијата ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.