Берлин: Откриена планета налик на земјата

Група европски астрономи објавија дека откриле планета, налик на земјата, надвор од нашиот соларен систем. Тимот од обсерваторијата во Германија соопшти дека планетата е одалечена околу 20 светлосни години, се наоѓа во соѕвездието Либра, а според калкулациите, температурата на таа планета би можела да изнесува меѓу нула и 40 степени целзиусови и веројатно има вода.