Варшава: Посета на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во рамките на европската турнеја престојува во Полска, каде што со претставниците на оваа земја ќе разговара за американскиот антиракетен штит. По посетата на Варшава, Гејтс ќе отпатува за Берлин.