Скопје: Началникот на Генералштабот на Австрија во Македонија

Висока воена делегација на Оружените сили на Австрија, предводена од началникот на Генералштабот Роланд Ертл, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. Началникот на генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски и неговиот гостин од Австрија ќе разговараат за актуелната безбедносна состојба во регионот, како и за искуствата во процесот на спроведувањето реформи во одбраната кај двете земји.