Москва: Русија се подготвува за погребот на Борис Елцин

Русија се готви за достоинствено простување од првиот демоктратски избран претседател Борис Елцин кој вчера почина на 76 години додека пораки со жалење и натаму пристигнуваат во Москва. Погребот ќе биде извршен утре на историските Новодевишчи гробишта. Неговиот наследник Владимир Путин го нарече човек под кој се роди демократска Русија.