Багдад: Ирачкиот премиер бара прекинување на изградбата на ѕидот што ќе ги одвои шиитите и сунитите

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики побара од американската војска да ја прекине изградбата на бетонскиот ѕид во Багдад со кој би требало да се одвои сунитската енклава од шиитските делови на градот. Американскиот амбасадор во Ирак Рајан Крокер денеска изјави дека ќе биде почитувана желбата на ирачката влада, но не посочи прецизно дали тоа ќе значи и прекин на градењето. Петкилометарскиот ѕид е во рамките на новата американска тактика за запирање на граѓанската војна меѓу шиитите и сунитите во Ирак.