Анкара: Турската владеачка партија следната недела ќе го објави кандидатот за иден претседател

Турската владејачка партија најави дека оваа недела ќе го објави кандидатот за иден претседател на земјата. Според премиерот Реџеп Таип Ердоган, тоа ќе биде изненадување. Турската секуларна јавност застана против можноста Ердоган, чија партија има исламистички корени, да ја преземе претседателската функција. Се очекува првото гласање во парламентот да се одржи на дваесет шестти април или на трети мај.