Лондон: Британската банка „Берклис“ ја презема холандската ривалска банка „Еј Би Ен Амро“

Британската банка Берклис ја презема холандската ривалска банка Еј Би Ен Амро со што се формира втора банка, по големина, во Европа и петта во светот. Нејзината вредност е околу сто четириесет милијарди долари, ќе го носи името Берклис, а ќе биде со седиште во Амстердам. Со планот, соопштен денеска, се предвидува без работа да останат скоро тринаесет илјади вработени.