Вашингтон: Нема промена на американската политика во врска со името на Македонија

Нема промена на американската политика во врска со името на Македонија, изјави портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак на синќешната редовната прес конференција во Вашингтон. Тој потврди дека државниот секретар Кондолиза Рајс испратила писмо до шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во кое ја реафирмира американската поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО.