Вирџинија: Убиецот на Вирџинија Тек испратил фотографии и писма до НБЦ

Убиецот на 23 лица на Универзитетот во Вирџинија во Соединетите Држави испратил фотографии и писма за неговиот проблем до телевизиската куќа НБЦ. Како што јавуваат агенциите материјалот бил испратен од Чо Сенг Хуи во периодот меѓу првото и второто пукање. Во снимките се гледа како Сенг Хуи ги чисти пиштолите кои биле ипотребени во масакрот. На видео снимката Хуи изјавува дека други лица се виновни за неговите постапки. Пред два дена тој изврши упад на Универзитетот Вирџинија Тек и застрела 23 лица.