Букурешт: Парламентот ќе гласа за импичмент на претседателот Басеску

Романскиот парламент денеска ќе гласа за предлогот за импичмент на актуелниот претседател Трајан Басеску. Басеску синоќа предупреди на сериозни последици за Романија, доколку биде изгласано негово отповикување. Тој изјави дека во таков случај би бил незаконски отповикан и ги повика лидерите на партиите сериозно да размислат за се, јавуваат романските медиуми. Парламентарната комисија го обвини Басеску за непочитување на Уставот.