Вашингтон: Знамињата на пола копје поради убиството во Вирџинија

Американскиот претседател Џорџ Буш нареди во знак на жалост поради убиството на 32 студенти во Универзитетот во Вирџинија знамињата во Соединатите држави да бидат на пола копје до недела. Полицијата како одговорен за убиството го идентификуваше 23 годишниот Чао Сеунг Хуи студент на Универзитетот родум од Јужна Кореја, кој по масакрот се самоуби. Тој е опишан како студент на англиски јазик чии текстови со смрт и црна содржина ги загрижувале неговите колеги.