Белград: Сергеј Лавров ќе се сретне со српските политички претставници

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска ќе допатува во Белград, каде што со политичките претставници на Србија ќе разговара за Косово и за билатералните односи. Во Белград денеска ќе допатува и шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник.